24. Aug 2011 15:24 Целосна забрана за движење во шуми

Во следниве десет дена ќе биде целосно забрането движење низ шумите во Македонија, заради заштита од можни пожари поради зголемените тепмператури во земјава.

Thumbnail

Министерството за внатрешни работи, граничната и шумската полиција во наведениот рок ќе вршат 24-часовна контрола и легитимирање на секое лице кое ќе го затекнат во шума.

„Се задолжуваат МВР, гранична и шумска полиција, 24 часа да вршат легитимирање и контролирање во шумските предели. МВР, АРМ и Дирекцијата за заштита, спасување и АЦВ да вршат дополнителни надлетувања, ако се забележи појава на пожар соодветно и брзо да се реагира“, изјави Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Забраната ќе важи до 3 септември, а само вработените во претпријатијата кои вршат сеча ќе смеат да влезат во шумските појаси. Само во последниве два месеци се регистрирани 219 големи пожари во кои се oпожарени 7.000 хектари од кои 2.400 во Битолско.