07. Nov 2011 21:02 Дете загина во сообраќајна несреќа

 Во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава на регионалниот пат Куманово – Скопје, во близина на село Орланци,  загина четиригодишниот

Thumbnail

Аган Мурати (4) од Куманово, загинал утринава во тешка сообраќајна несреќа на стариот пат Куманово -Скопје.  Несреќата се случила околу 9 часот, кај селото Орланце, кога автомобил шевролт калос со кумановски регистарски таблички од непознати причини  излетал од патот и се превртел.  Детето починало на самото место. Неговата баба со која патувало е повредена и пренесена во Ургентен центар Скопје.

Увид на лице место извршила полицијата и работи на утврдување на причини поради кои дошло до несреќата.