01. Nov 2011 14:55 Дома чувал „цевка бомба„
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.М. (51) од Куманово, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Пријавениот во својот дом неовластено држел две импровизирани направи „цевка бомба“, три школски куршуми кал. 7,62мм и пет куршуми 7,65мм за пиштол, кои се пронајдени при претрес во неговиот дом.
