28. Sep 2011 14:32 Дрво уби момче

 Вчера околу 12.15 часот во м.в„Длабок дол“ во атарот на селото Глажња, додека сечеле шума, дрво паднало врз Азиз С.(16) од с.Гошинце и го повредило.

Thumbnail

Неговиот татко Н.С. го пренел до полицискиот пункт „Глажња“, од каде со возило на Брза помош, момчето било пренесено во кумановската болница. Од задобиените повреди Азиз починал. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово, а телото на починатиот малолетник е предадено  за обдукција.