21. Jun 2010 15:58 Двајца липковци загинале на Косово
Тројца македонски Албанци, од кои двајца од липковско се убиени вчера на Косово. Во престрелката имало и четврта жртва на која не и соопштен идентитетот.
Според првичните информации еден од загинатите бил златар од Слупчане, а вториот бил од Никуштак. Еден е косовец од Качаник, а на четвртиот идентитетот се уште не му е идентификуван.
Косовските власти во обид да го расчистат четворократното убиство побарале помош од македонското Министерство за внатрешни работи.
Тамошната полиција се интересирала за идентитетот и криминалното минато на убиените.
















