30. May 2010 17:54 Фатен крадецот на комбито на ЦКБ

Истражен судија од основниот суд Куманово му одреди 30 дена притвот на Aцe T. (35) викан Шоп под сомнение дека го ограбил комбето на Централна кооперативна банка на 10 март годинава.

Фатен крадецот на комбито на ЦКБ

 Притворениот кражбата ја извршил на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош,  заедно со уште две лица кои прдходно во Велес украле две возила фијат уно. И останатите разбојници се познати на полицијата и по нив се трага. Аце бил фатен на граничниот премин Блаце во обид да ја напушти земјата.

По спектакуларната пљачка полицијата ги блокираше сите патни правци, комбито со неколку вреќи пари беше пронајдено, но крадците избегаа. Остана нејасно дали тројцата разбојници однесоа дел од парите, бидејќи банката не обелодени колку се пренесувало со комбито. На приведениот ќе му се суди за уште две кражби на патнички возила што ги извршил дента пред да го ограби банкарското комби.