02. Dec 2011 22:05 Фејсбук љубовџија соблечен по гаќи

 Кумановец бил претепан, а потоа соблечен гол, бидејќи отишол на состанок со девојка, која ја запознал преку социјалната мрежа Фејсбук. Напаѓачите го оставиле љубовџијата само по гаќи, кој случајот го пријавил во полиција.

Thumbnail

 Инцидентот се случил синоќа во Стара бања во Проевце. Л.Ш. (32), преку Фејсбук, се запознал со некоја кумановка, и се договориле да се сретнат кај бањата. Кога со девојката пристигнале на посоченото место, додека седеле, одненадеж се појавиле две непознати лица што насилно ја отвориле вратата од автомобилот и почнале крвнички да го тепаат момчето. По тоа му ги одзеле мобилниот телефон, парите и клучевите од автомобилот,го соблекле гол и си заминале.

По нивното бегство, претепаниот, кој бил пиштол гол, и девојката, тргнале пеш до најблиските куќи и побарале помош од полицијата.

 Полицијата истражува дали се работи за љубоморни момчиња што сакале да му се одмаздат на Л.Ш. затоа што ја повикал девојката на состанок или, пак, биле цел на насилници што случајно ги затекнале кај бањата.