21. Dec 2011 11:00 Гастарбајтерот ги препозна киднаперите

 Во Основниот суд Куманово продолжи судскиот процес против Љубомир Стојановски(29) од Бабин Дол, Африм Јусуфи (30) и Шефије Садику (25) од Куманово и Асан Селими (23) од Черкеско село, обвинети за киднапирање на гастарбајтерот Фаредин Нуредини (43) од Романовце, на м.в. „Менкова колиба„.

Thumbnail

Нуредини, кој работи и живее во Белгија во судницата ги препознал обвинетите, и посочил дека тие го извршиле киднапирањето. Тоа предизвикало бурна реакција кај нив, поради што Јусуфи бил отстранет од судницата, а судењето прекинато. Судечкиот судија Муса Сулејмани побарал засилување на обезбедувањето од кумановската полиција, по што продолжило рочиштето.

Оштетениот пред Судот детално опишал како бил киднапиран и пренесен во куќата во населбата Бабин Дол. Таму го држеле три дена, а успејал да ги види вооружените киднапери додека немале маски на лицето. Побегнал третиот ден од прозорец на куќата, кога тие не биле дома, најверојатно плашејќи се дека ќе бидат откриени. Побарал помош од двајца старци кои случајот го пријавиле во полиција. Веднаш бил пренесен во болница каде му било оперирано рамото, кое му го исчашиле додека насилно го грабнувале.

На првото рочиште првообвинетиот Стојановски признал дека учествувал во киднапирањето, бидејќи од затворот во Идризово по телефон му се јавило непознато лице, кое му понудило награда до 10 иљади евра да го киднапира гастрабајтерот и побара откуп од 300.000 евра. Тој наводно толку пари му должел на извесен Енвер Н. во Белгија. Останатите тројца тврделе дека не се вмешани во грабнувањето.

Нуредини ги отфла информациите дека има долг кон некого во Белгија.

Според обвинението киднапирањето се случи на 23 јули годинава на местото „Менкова колиба„, ко­га  поранешна пријателка го по­ви­ка­ла гас­тар­бај­те­рот да се ви­дат. До­де­ка се­де­ла во ав­то­мо­би­лот, прис­тиг­на­ле киднаперите со ма­ски на гла­ви­те и во­о­ру­же­ни со пиш­то­ли и ав­то­мат­ски пуш­ки. Поч­на­ле да го те­па­ат и го врзале со селотејп, а по­тоа го од­не­ле во населбата Бабин Дол. Та­му го на­те­ра­ле да се ја­ви на братот да донесе 300 ил­ја­ди ев­ра да го ос­ло­бо­дат, или во спротивно ќе го уби­јат.

За­лож­нич­ка­та дра­ма тра­е­ла три де­на, по што кид­на­пи­ра­ни­от ус­пе­ал да из­бе­га и го при­ја­вил слу­ча­јот во по­ли­ци­ја. При прет­рес на ку­ќи­те на осом­ни­че­ни­те, по­ли­ци­ја­та го про­наш­ла оруж­је­то што го ко­рис­те­ле.