04. Oct 2011 13:08 Го однел на викендичка, па го претепал и ограбил
Ј.Б. (49) од Куманово пријавил во полиција дека ноќта помеѓу петок и сабота во 01,00 часот по полноќ, неговиот пријател Л.К.(58) го истепал и го ограбил.
Се започнало кога тие се сретанале на ул. „Ѓорче Петров“ на м.в. „Магаза„, и испиле поголема количина алкохол, по што отишле во неговата викенд куќа. Таму Л.К. физички го нападнал и му нанел повреди, поради кои тој паднал во бессознание. Откако се разбудил, Ј.Б. забележал дека Л.К. му одзел 300 евра, златен синџир и очила за сонце. Од страна на СВР Куманово во тек се мерки за расчистување на случајот.
