03. Dec 2011 16:44 Го тепале соседот со вила и шипка
Татко и син истепале сосед во селото Липково, кој завршил во болница.
Инцидетот се случил синоќа во 18.30 часот, кога соседите Ш.Ш. (40) и М.М. (19) се скарале поради поранешни недоразбирања. Тогаш пристигнал таткото на момчето Џ.М. (56), кој со вила го удрил Ш.Ш. во пределот на главата. Потоа и синот земал метална шипка и почнал да го удира комшијата по телото.
По тепањето повредениот е пренесен и задржан на лекување во Кумановската болница. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
