27. Jul 2010 16:54 Го викнал да излезе, па го претепал

 Р.Х.(20) од Сопот се здобил со сериозни повреди по главата и телото кога неговиот соселанец Б.М.(20) го истепал со стап.

Го викнал да излезе, па го претепал

 Инцидентот се случил синоќа во 22.30 часот, кога насилникот го викнал Р.Х. да излезе во дворот и кај влезната капија без повод и причина со дрвен стап почнал да го удира во пределот на главата и телото. Повредениот со  такси возило бил пренесен во Кумановската општа болница, каде му била укажана лекарска помош и констатирана тешка телесна повреда – фрактура на десна подлактица.

Р.Х. е задржан на понатамошно лекување. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се превземаат мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.