13. Sep 2011 18:08 Голем пожар на Козјак
Неколку куќи и помошни простории изгореле во селото Малотино, откако предпладнево голем пожар се проширил на планината Козјак, на македонско-српската граница.
Во гаснењето на пожарот се вклучени противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане, претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Граничната полиција, заедно со месното население. Борбата со огнената стихија е таа да не се прошири на останатите куќи, како и во селото Враготурце.
Се работи за пожар од невидени размери, кој зафати огромна површина на шума и ниски растиње, а изгореа и 3-4 куќи. Пожарот е на непристапен терен на самиот врв на планината Козјак, и цел ден не можеме да го ставиме под контрола, поради силниот ветар. Ние даваме натчовечите напори, но немаме капацитет самите да го изгаснеме, затоа упативме барање и чекаме засилување и помош од Дирекцијата за спасување од Скопје- вели Миодраг Јовановиќ, градоначалник на општината Старо Нагоричане.
Општината Старо Нагоричане, поради високите температури ова лето постојано е во планем, досега гореа површини во селата Ругинце, Стрезовце, Бајловце, Сув Ора и други села.
