04. Jan 2012 12:23 Градежен работник паднал од прв кат

И.Н. (24) од Куманово е тешко повреден, откако паднал од кат на куќа каде работел.

Thumbnail

Несреќата се случила вчера околу пладне додека момчето работело на куќа на улицата „Бајрам Шабани„ во Куманово. Од засега непознати причини паднал од првиот кат на куќата.

Со возило на Брза помош е пренесен во Кумановската болница, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.