23. Dec 2011 14:35 Истепал и скршил рака на пензионер
В.К.(47) од Куманово без причина нападнал и претепал пензионер во населбата Пуковски.
Инцидентот се случил пред месната заедница во населбата “Иго Трипковиќ“, кога пријавениот почнал да навредува четири лица-пензионери кои седеле и разговарале.
Потоа физички го нападнал С.М.(70) од Куманово, удирајќи го со тупаници и клоци по главата, по што му ја скршил раката.
Полицијата на В.К. му поднесе пријава за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
