23. Aug 2011 15:09 Изгаснат пожарот во Ругинце и Сув Ора

 Пожарот кој два дена беснееше во селата Ругинце и Сув Ора е изгаснат.

Thumbnail

Како што информиораат од општината Старо Нагоричане противпожарните единици од Старо Нагоричане и Куманово, заедно со месното население, по два дена и ноќи борба, огнената стихија ја ставиле под контрола. Во пожарот изгореле вад 500 хектари пасишта со ниско стеблесто растиње, трева и шума.

Утринава во два часот по полноќ со надчовечки напори успејавме да го изгаснеме огнот, кој ветрот постојано го разгоруваше. Беше зафатена голема површина, изгореа и неколку стари куќи, помошни објекти и плевни. Постоеше опасност пожарот да го зафати и манастирот Карпино, непроценлив културно-историски споменик - вели градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ.

Матерјалната штета од пожарот допрва ќе се утврдува.