23. Jul 2010 16:16 Изгоре мотор во центарот на градот
На паркингот во центарот на градот, на улицата „Борис Кидрич„, вчера попладна изгоре мотор. Причинaта за избувнувањето на пожарот не е позната.
Сопственикот изјавил дека моторот бил паркиран 3-4 часа на паркингот и одеднаш почнал да гори. Истрагата ќе утврди дали пожарот го предизвикала неисправна инсталација или е намерно подметнат.
Пожарот бил изгаснат по интервенција на противпожарната екипи, кои денеска гаснеле стрниште на наплатната рампа Романовце.
















