14. Oct 2011 17:25 Изгореа крави во голем пожар

Во голем пожар вчера вечер во населбата Иго Тричковиќ изгоре фарма со крави на семејството Петрушевски. Пожарот избувнал околу 21 часот и најверојатно бил предизвикан од искра на електрични кабли на далноводот што поминува покрај фармата.

Thumbnail

Во пожарот изгорел дел од добитокот и тоа три крави, три свињи, кокошки, целата храна од 12 тони слама, сено и детелина, неколку тони жито, машина за молзење на крави и објектите каде била сместена фармата.

"Се што создавав 10 години, го изгубив во миг. До 20 часот бевме во фармата и го храневме добитокот. Кратко потоа, кога заминавме, ја исклучивме струјата. Бидејќи фармата се гледа од мојата куќа, кога случајно излегов надвор видов дека нешто гори. Веднаш отидовме ама не можевме многу да спасиме. Бидејќи огнот се прошири и на останатите објекти. Трите крави веќе беа изгорени, а успеавме да ги спасиме останатите 7. Соседите пред пожарот виделе голем пламен кој бил предизвикан од ударот на жиците на далноводот, по што најверојатно се запалила фармата. Немам непријатели и не верувам дека некој човек го подметнал пожарот", раскажува сопственикот Ласте Петрушевски со солзи во очите.

Тој и неговите соседи раскажуваа дека од жиците на далноводот летоска биле предизвикани три пошари на околните ниви и лозја. Тие го пријавиле случајот во ЕВН, но не било ништо преземено.

Материјалната штета е околу 10.000 евра, а имотот не е осигуран. Денеска противпожарни возила го гаснеа пожарот додека се уште чадеше, а семејството ги чистеше остатоците од пожарот. Синот на Петрушевски се здобил со изгореници на рацете, а на сопругата и се слошило по што интервенирала брзата помош.

Изгореа крави во голем пожар