25. Nov 2011 10:26 Изгореа шест куќи во Крива Паланка

 Во голем пожар вчeра по полноќ изгореа шест куќи во ромската населба Единство во Крива Паланка.

Thumbnail

Пожарот избувнал на кровот на една од куќите, и брзо се проширил на останатите кои се блиску една до друга. Огнената стихија пеплосала се до темел, поради што 30 луѓе од шест семејства останаа на улица, без покуќнина, облека, документи и се што печелеле со години. Пожатот го забележале соседите, кои притрчале да помогната да се изнесат децата од куќите да не се задушат, а отежнителна околност било тоа што немале вода за гаснење. Противпожарната единица пожарот го гаснела цела ноќ за да не се прошири и на останатите 20 куќи кои се наоѓаат на истата улица. Причината за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдува. Прва помош на загрозените семејства им пружил општинскиот Црвен Крст и општината Крива Паланка.