14. Sep 2011 16:00 Извршил полов напад врз 6 годишно дете

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.М.(20) од с. Клечовце, за сторено кривично дело „полов напад над малолетник кој не наполнил 14 години“.

Thumbnail

Мината недела околу 20 часот, пријавениот го повикал неговиот шестгодишен братучед, и со употреба на физичка сила извршил полови дејствија. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.