20. Sep 2011 12:23 Jа грабнал бившата девојка

 В.С. (20) од Куманово, наместо да ја превезе ја грабнал поранешната девојка и ја однел во неговиот дом.

Thumbnail

Инцидентот се случил во јули годинава, кога М.С. (17), побарала од нејзиното поранешно момче со кого била во љубовна врска да ја превезе. Тој со возило на неговиот пријател прифатил да ја услужи, но наместо на бараното место ја одвезол во неговиот дом. Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.С. за сторено кривично дело противправно лишување од слобода.