07. Jun 2010 10:42 Каменуван воз на пругата кај Опае

 Во селото Опае непознато лице го каменувало патничкиот воз бр.1902, кој сообраќал на релација Скопје-Табановце.

Каменуван воз на пругата кај Опае

 При тоа е скршено прозорско стакло на еден од вагоните, а повредени патници нема. Инцидентот се случил завчера во 20,10 часот во близина на м.в.„Опајска рампа“ на железничката пруга Куманово- Табановце.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.