27. Jul 2010 10:09 Казнет полицаец од Матејче
На С.Н. полициски службеник во полициското одделение Матејче, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци, поради тоа што не презел мерки да спречи нарушување на јавен ред и мир.
С.Н. е казнет мината недела по спроведена дисциплинска постапка поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.
















