12. Jul 2010 09:25 Казнети полицајци од ПС Матејче
Четворица полициски службеници од Полициската станица Матејче, парично се казнети затоа што не презеле мерки да спречат тепачка.Полицајците својот пропуст во работењето ќе го платат со казна во износ во 15 проценти од месечната плата во траење од 3 месеци и 5 месеци.
На И.Е., В.А. и И.М. изречената парична казна им е во траење од три месеци, додека М.З. добил парична казна од 5 месеци.
Тие не спречиле да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир и сториле повреди во работењето.
















