05. Jul 2010 09:09 Казнети полицајци што спиеле на работа
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка против тројцца вработени во Секторот за внартешни работи Куманово, поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.
На сите вработени изречена им е мерка парична казна.
С.М. и И.Т. полициски службеници во Полициската станица од општа надлежност Куманово, изречена им е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци. Пријавените биле фатени како спијат на работа.
Н.К. водич на безбедносен реон во Полициско одделение Матејче, добил парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од пет месеци. Казнетиот не презел соодветни мерки за да спречи нарушување на јавниот ред и мир.

























