17. Nov 2011 10:52 Копал канал исекол електрични кабли

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.И. (34) од Куманово, за сторено кривично дело „уништување или оштетување јавни инсталации“.

Thumbnail

Во ноември минатата година во Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар Стари“ , пријавениот при извршување градежни работи со машина оштетил три електрични кабли, сопственост на ЕВН Македонија- КЕЦ Куманово.