09. Jan 2012 14:46 Кривична за 5 грама хероин

Р.А.(36) од Куманово бил фатен со неколку грама хероин. На почетокот на овој месец тој набавил 5,4 грама наркотична дрога-хероин, а на пети јануари при извршен преглед, кај него се пронајдени две пакувања со прашкаста материја.

Thumbnail

СВР Куманово поднесе кривична пријава за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.