28. Nov 2011 16:46 Кривична за тепање на соседот

 З.Ѓ. (50) од кумановското село Младо Нагоричане ќе одговара за сторено кривично дело тешка телесна повреда, бидејќи го истепал својот комшија.

Thumbnail

На почетокот на месецот во  Младо Нагоричане, поради недоразбирање околу имотно-правни односи, З.Ѓ. го пресретнал неговиот сосед, Ц.С. (63) и со метален предмет физички го нападнал.  Удирајќи го во пределот на телото му нанел тешка телесна повреда, па завршил во болница.