12. Dec 2011 16:46 Кумановци раниле и ограбиле Авганистанци

 Истражен судија од Основниот суд Куманово одреди 30 дневен притвор против М. М.(18) од Табановце и Т. М.(18) од Младо Нагоричане и еден малолетник од Куманово, затоа што раниле и ограбиле авганистански емигранти.

Thumbnail

Инцидентот се случил на 26 ноември годинава, во селото Табановце во м.в. Чифлик, кога трите момчиња пресретнале група Авганистанци, кои нелегално влегле во државата и сакале да ја преминат границата кон Србија. Со цел да ги заплаши, М.М. пукал со пиштол во воздух, а малолетникот со ловечка пушка ранил еден од емигрантите. Кога виделе што направиле разбојниците им одзеле 5 мобилни телефони и 700 евра, по што побегнале.

Авганистанците го однеле повредениот во првите куќи во соседното село Ваксинце, од каде побарале помош од жителите. Момчето било пренесено во кумановската болница, каде му е санирана простреланата рана во десната надколеница, а потоа е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. По неколку дена разбојниците се пронајдени и приведени, а ќе одговараат за сторено кривично дели разбојништво.

Авганистанските државјани се пренесени во транзитен центар во Скопје и ќе бидат вратени во нивната држава.