16. Jan 2012 12:54 Кумановци се противеле при приведување

 Tројца полицајци биле спречени да приведат неколку момчиња, кога отишле да интервенираат по пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Thumbnail

Инцидентот се случил на ул.„Ѓорче Петров“ во непосредна близина на бурекџилница „Сафи“ во 4 часот наутро, кога полицајците се обидела да ги приведат Ф.Д.(25), С.М.(23) и С.Д.(24). Момчињата се спротивставиле на службените лица поради што тие морале да  употребат средства за присилба, да ги совладаат лицата и да ги пренесат во полициска станица.

СВР-Куманово превзема мерки за расчистување на настанот, а против приведените ќе биде поднесена кривична пријава за спречување службено лице во вршено службено дејствие.