16. Jun 2010 16:18 Кумановец и скопјанка напаѓале таксисти

 Полицијата ги уапси П.М.(18) од Скопје и А.Р.(24) од Куманово поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела „Разбојништво“ и „Разбојништво во обид при што се стекнале со 450 илјади денари.

Кумановец и скопјанка напаѓале таксисти

Разбојниците мината недела нападнале таксист од компанија „Експрес“ од Скопје и побарале пари. Кога возачот одбил А.Р. испукал еден куршум и го погодил во лицето. Возачот бил пренесен во болница од случајни минувачи, а напаѓачите побегнале.

Еден ден потоа во близина на гробиштата Камник, двојката одзела автомобил  „Шевролет Авео“, такси возило на фирмата „Вардар“  сопственост на Е.Џ.(29) од Скопје. Разбојништвото било извршено на сличен начин, побарале да бидат превезени,а потоа со закана со пиштол барале пари.

 Со двајцата осомничени се разговара за документирање и на други слични дела од областа на насилниот криминал, извршени на подрачјето на Скопје и Куманово. По целосно завршување на случаите, заедно со доказниот материјал, осомничените ќе бидат изведени пред надлежен Истражен судија.

Кумановецот и скопјанката веќе имале полициски досиеја. Девојката била апсена за тешка кражба, додека нејзиниот партнер во злосторствата за тешки кражби, кражи, разбојништва и одземање на моторно возило.