24. Dec 2011 12:40 Кумановец купил теле со лажни евра
Б.Р.(49) од Куманово купувал добиток во Источна Македонија со фалсификувани евра.
Пријавениот во текот на октомври на подрачјето на Делчево, при купување на телиња пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 50 евра. По пријавата, полицијата при извршен претрес, кај него пронашла уште една фалсификувана банкнота од 50 евра. Б.Р. тврдел дека парите наводно ги зел на пазарите во Куманово, Скопје и Тетово, или пак од трговци од Р. Албанија.
Полицијата му поднесе пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „ фалсификување пари„.
