22. Jul 2010 12:07 Кумановец шверцувал кучиња
Две кучиња од расата германски шпиц, стари 9 недели се откриени мината недела во патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки во близина на бензинската пумпа ДЕТОИЛ во Куманово.
При контрола на автомобилот, кучињата биле сокриени под совозачкото седиште на возилото, а возачот не поседувал соодветна документација за потекло или платени царински давачки.
















