22. Nov 2011 15:59 Кумановец транспортирал и продавал дрога

 Криминална група од Македонија подолго време организирала транспорт на поголеми количини на  хероин од Турција, марихуана од Албанија и синтетичка дрога од  Бугарија до Македонија, каде помал дел останувал на домашниот нарко-пазар, а поголем дел била наменет за земјите во регионот и  Западна Европа. 

Thumbnail

Полицијата  поднесе пријави против Д.Е.(64) од Куманово, К.Р.(22) и М.И.(21) од Скопје, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

 Синоќа во 20.20 часот на крстосницата на Бул.„Партизански одреди“ и Бул.„Маркс и Енгелс“ во Скопје, било запрено возило „Опел Вектра“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.И., а како сопатници во возилото биле лицата Е.Д. и Р.К. При претрес на колата зад возачкото седиште е пронајдено едно полиетиленско кесе, во кое имало прашкаста материја светло кафеава боја со тежина од околу еден килограм. Исто така, извршен е претрес во стан на ул.„Коста Шахов“ во Скопје кој Р.К. го земал под закуп, а го користел за складирање, препакување и дистрибуција на дрогата. Таму се пронајдени 4 пакувања со елипсовидна форма, облепени со широка селотејп лента, исполнети со прашкаста материја (светло кафена боја), 12 полиетиленски кеси (од кои 8 сместени во куфер) облепени со широка селотејп лента исполнети со зелена растителна марерија, 12 полиетиленски ќеси со бела материја (во тврда и прашкаста состојба), 6 полиетиленски паковања со вкупно 1396 таблети (зелена боја) со втиснато лого „јаболче“, една дигитална вага марка „Hamа“, како и еден пиштол марка „Ekol Tuna“ - Застава, калибар 6,35 мм со една рамка соодветна за истиот, 50 (педесет) куршуми калибар 22 LR и една рамка за пиштол.

Според добиени оперативни сознанија во текот на истрагата, Р.К. и М.И. се договориле со Д.Е. да им организира купопродажба на наркотична дрога хероин, за што истите заедно со ПМВ заминале во Р.Турција каде што од лице од Истамбул набавиле 3 килограми хероин, кој го донеле во Р.Македонија и го однеле во изнајмениот станот што Р.К. го користел како место за чување и препакување на наркотична дрога. Пронајдените полиетиленски кеси во возилото и во станот се предадени во Одделот за криминалистичка техника на МВР  заради  вештачење.

При реализација на случајот, после извршените вештачења, утврдено е дека за време на акцијата „Депо„ запленети се вкупно три килограми хероин, 12 килограми марихуана, 1.600 грама амфетамин и 1.100 таблети слични на екстази, кои ги продавале како вистински екстази.  Вредноста на запленетите количини на наркотична дрога на нарко  пазарот, при улична продажба, би достигнала цена од околу 360.000 евра.