03. Nov 2011 10:41 Кумановo три месеци без прв полицаец

 Секторот за внатрешни работи Куманово, близу три месеци функционира без началник, откако поранешниот Љубомир Ѓурчески замина во пензија.

Thumbnail

Функција сега ја врши помошникот начелник Мевљан Џемаили, а од МВР најавуваат дека првиот полицаец наскоро ќе биде назначен.

МВР објави интерен оглас за пополнување на испразнетото началничко место. Постапката е веќе при крај, значи извршено е интервју со сите кои аплицираа, и се очекува во наредните денови да биде именуван новиот началник од министерот за внатрешни работи. Имаше голем интерес за пополнување на местото, како од Куманово, така и од Скопје и другите места во државата- изјави заменик министерот Џељал Бајрами за Кумановоњуз.

Тој не сакаше да го открие името на новиот началник, ниту да каже дали повторно со секторот за внатрешни работи ќе раководи човек, кој не е од Куманово.

Неофицијално се зборува дека началник ќе биде поранешен пратеник од Крива Паланка.