28. Aug 2011 17:15 Куршум скршил прозорско стакло
Синоќа во 22.40 часот со еден куршум било скршено прозорско стако на куќа на ул.„Драги Шутевски“. Случајот во полиција го пријавил роднина на сопственикот на куќата, кој живеел во Германија.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово. Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување дали се работи за заскитан куршум, или некој намерно пукал во куќата.
