20. Jan 2012 15:41 Македонки и Албанка нелегално работеле во локал во Ваксинце
Во угостителскиот објект "Алби" во село Ваксинце, минатиот викенд полицијата затекнала три македонски и една албанска државјанка, кои нелегално работеле во објектот.
Истовремено е пронајден пиштол калибар 7,65 мм., што сопстевникот го поседувал без дозвола.
Против газдата на локалот А.М.(32) е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи, а против албанската државјанка е поднесена пркршочна пријава, и изречена е мерка забрана за влез во Македонија од пет години поради нелегален престој.
Контролата во објектот во Ваксинце ја извршила единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Управата за јавни приходи, Трудова и Пазарна инспекција.
