05. Oct 2011 12:57 Му го одзел бемвето, па го оставил во нива
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Д. (25) од Куманово, за сторено кривично дело „разбојништво“.
Минатиот месец на магистралниот пат Штип-Куманово, додека пријавениот се превезувал во автомобилот на А.Б.(24) од Куманово, со употреба на физичка сила му го одзел мобилен телефон и клучеви од патничкото возило „бмв“. Откако пристигнале во Куманово, С.Д. го одзел возилото и заминал во непознат правец, по што возилото е пронајдено наредниот ден на подрачјето на Куманово.
