28. Oct 2011 13:47 Му ја скршиле косилката, па го изболе со нож

 Р.С.(32) од селото Ропаљце се здобил со два убоди од нож во стомакот, откако го нападнале неговите роднини, браќата Б.С.(24) и А.С.(22) од с.Ропаљце.

Thumbnail

 Нападот се случил вчера во 19.20 часот, во дворот од семејната куќа на Р.С., откако  настанала расправија помеѓу него и неговите роднини, поради тоа што тие без да го прашаат  му ја зеле машината за собирање на сено и ја оштетиле, а потоа не сакале да ја поправат. Кога тој побарал да ја санираат штетата тие го нападнале, удирајќи го со тупаници и клоци по телото, а еден од нив со нож му нанел повреди во пределот на стомакот и на рбетот. Поради сериозноста на повредите Р.С. од Општа болница во Куманово е пренесен во Ургентен Центар Скопје. Од страна на СВР Куманово во тек се мерки за пронаоѓање на А.С. и за целосно расчистување на случајот.