16. Dec 2011 15:50 Му удрил бокс, затоа што му скршил трепкач
Р.Ј.(58) од Куманово, синоќа бил претепан заради тоа што случајно скршил жмигавец на автомобил кој бил паркиран покрај контејнер во Средорек.
Инцидентор се случил во 19.30 часот, на ул.„Доне Божинов“, во непосредна близина на продавницата за авто-делови „Марфи“. Откако Р.Ј. фрлил ѓубре во контејнерот, несакајќи со кантата удрил и го скршил предниот десен трепкач на автомобил „форд транзит“, на Д.Д.(42) од Куманово. Сопственикот на автомобилот револтиран од тоа што се случило, физички го нападнал Р.Ј., удирајќи го со тупаница во пределот на лицето, кој од ударот паднал на земја. Повредениот со амбулантно возило бил пренесен во Општата Болница-Куманово, каде му е укажана лекарска помош. Лекарите констатирале дека има тешки телесни повреди, односно фрактура во левата рака, фрактура на нос, скршен заб и исечена долна усна, поради што е задржан за понатамошно лекување.
СВР-Куманово превзема мерки за расчистување на случајот.
