14. Jun 2010 15:52 На отпад откриени крадени акумулатори
Дванаесет украдени акумулатори, една стара минофрлачка мина и пет куршуми се најдени меѓу старото железо во отпад на улицата „Иво Лола Рибар„ во Куманово.
Полицијата ја извршила рацијата вчера, откако зачестиле поплаките на граѓаните дека масовно се крадат метални предмети во градот, кои потоа се продаваат на отпад. Од увидот било утврдено дек акумулаторите биле украдени од автомобили на повеќе локации во градот.
Оружјето што било нaјдено меѓу металните предмети можело да предизвика експлозијата при топењето, како неодамна во Железарницата во Скопје.
Кумановската полиција најавува дека ќе продолжи со рациите се со цел да ги сузбие кражбите на метални предмети и да ги санкционира сопствениците на отпад кои ги купуваат.
















