29. Aug 2011 12:24 На собир се дерел на полицајци

 Т.Ж. од Скопје е приведен во Кумановската полиција затоа што навредувал и омалважувал полицаец на прославата на празникот Голема Богородица во селото Младо Нагоричане.

Thumbnail

Инцидентот се случил вчера во еден часот по полноќ, кога на верскиот собир во дворот на цркавата „Голема Богородица„, полицијата забележала турканица и викање на повеќе лица. Кога службените лица се доближиле да видат за што се работи, учесниците во расправијата се разотишле. Тогаш бил повикан Т.Ж. да објасни за што се работи, но тој почнал да вика, омаловажувајќи ги полицајците со погрдни зборови.