27. Jan 2012 16:37 На соседот со шипка му скршил рака
Џ.Ф.(46) од липковското село Отља се скарал со својот сосед по што му скршил рака.
Во септември минатата година на ул. „11-ти Ноември“ настанала расправија помеѓу соседите, по што пријавениот со метална шипка му нанел тешка телесна повреда на рака на Р.Е.(28) од Липково.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Џ.Ф. за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
