04. Sep 2010 17:38 На Табановце запленети 1,8 кила хероин

На Граничниот премин “Табановце„ на излез од државата, при контрола на автомобил марка „Алфа Ромео“  со скопски регистерски таблички управувано од лицето С.Т. (26) од Скопје пронајдена е поголема количина на  хероин.

На Табановце запленети 1,8 кила хероин

Дрогата е пронајдена под тапацирот на покривот во две тенки пакувања со правоаголна форма обвиткани со алуминиумска фолија и индиго, облепени со селотејп лента.

Прашкастата материја е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на МВР, при што од извршеното вештачење,  утврдено е дека се работи за 1765 грама, наркотична дрога  - хероин.

Против С.Т. е поднесена кривична пријава, за  сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, за што од страна на Истражен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Пресечен е меѓународен канал за нелегален транспорт со хероин од Македонија преку Србија со крајна дестинација -  земјите на ЕУ.

На Табановце запленети 1,8 кила хероин