02. Apr 2010 10:52 На Табановце запленети резервни делови
На граничниот премин Табановце-автопат, на влез во државата, царинските службеници откриле поголема количина на резервни делови за трактор и машини за шиење.
При преглед на автомобил со македонски регистарски таблички, кој го управувал македонски државјанин, биле пронајдени 113 резервни делови за трактори и тоа: контакт брави, перки за ладилник, цевки, црева, стоп-светла и клеми.
Во вториот случај кај патник од Македонија во автобус со српски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовната линија Белград-Скопје, при преглед на патните торби биле откриени 60 резервни делови за машини за шиење BAGAT и тоа: педали, регулатор за брзина, капак за педали и кабли.
















