30. Sep 2011 14:43 Наведувал деца на полови дејствија
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Е.А. (18) од Черкезко село, вработен во Интернет клуб и против непознат сторител, за сторено кривично дело задоволување полови страсти пред друг.
Во текот на овој месец во Интернет клубот, пријавените навеле две деветгодишни деца на меѓусебни полови дејствија во присуство на уште четири малолетници.Од страна на Истражен судија на пријавениот му е одредена мерка куќен притвор од 30 дена.
