14. Dec 2011 14:49 Нема осомничени за убиството на Линка?
Ден по ладнокрвното убиството на Горан Стојковски Линка (50) сеуште нема осомничени. До Обвинителството не е поднесено кривична пријава, а приведените во полицијата биле пуштени поради немање докази, дознаваме неофицијално.
Во кумановската чаршија се зборува дека убиството го извршил платен убиец, кој професионално ја извршил ликвидацијата.
Убиството се случи завчера во 22.40 минути пред влезот на зградата во трговскиот центар Гарнизон. Стојковски, откако пазарил во блиската продавница тргнал дома. Тогаш го сочекал убиецот и пукал во него. Безживотното тело го пронашол негов сосед, а пронајдени се и 6 чаури.
Стојковски денеска е погребан на градските гробишта во Куманово. Полицијата работи на пронаоѓање на убиецот.
