09. Dec 2011 16:25 Одбележан Денот на превенција во полицијата

 Во СВР Куманово со повеќе активности го одбележа Денот на превенција. По тој повод беше промовиран музичкиот спот за „Безбедни училишта„, а се одржа и  работилница на истата тема. Свеченоста беше заокружена со коктел.

Thumbnail

Денеска се тука луѓето со кои соработуваме во текот на годината, зеднички ги поделиме сите успеси кои ги постигнавме во изминатиот период. Полицијата не врши само репресија, туку и превенција и советување, едукација и отстранување на причините кои доведуваат до последици- вели Виолета Богдановска, началник на Одделот за превенција.

Спотот промовира заедништво меѓу учениците, а пораката е дека сите сме различни, но сите имаме иста цел да го спречиме насилството заради безбедна иднина. Проектот продолжува во средните училишта, а од наредната година ќе биде задолжителен и за основците.

Одбележан Денот на превенција во полицијата