30. Jan 2012 10:00 Паднал од покрив чистејќи оџак
Ч. М. (52) од Куманово, викендов додека го чистел оџакот од куќата на неговиот брат С.М., се лизнал од кровот и паднал од висина од 5 метри на бетонска патека.
Притоа се здобил со тешки телесни повреди. Ч.М. по укажаната лекарска помош во Градската општа болница во Куманово, е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово.
