03. Sep 2010 14:24 Паланчанец силувал старица
З.Н. (42) од Крива Паланка силувал осумдесет годишна жена. Гнасниот чин се случил на 23. август годинава, околу 13,00 часот, во Крива Паланка откако насилникот незабележано влегол во куќата на Б.Н.(81).
При тоа физички ја нападнал и со употреба на сила извршил обљуба врз старицата. ПС Крива Паланка поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „силување„, а Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
















