10. Aug 2011 16:19 Пијан возач скрши семафор

 Горан.В (22) од Куманово со својот автомобил фијат пунто удрул и го скршил семафорот на раскрсницата на булеватите „Трета МУБ„ и „Октомвриска револуција„.

Thumbnail

Според информации од полицијата сообраќајната незгода се случила во неделата наутро во три часот по полноќ. Возачот додека се движел од центарот на градот кон населбата Проевце, изгубил контрола на возилото и удрил во семафорот. Причинета е матерјална штета на возилото и сообраќајниот знак, додека возачот поминал без повреди. Откако му бил извршен акотест, било утврдено дека има 2.32 промили алкохол во крвта.


Пијан возач скрши семафор